Покрај своите основни дејности, Конгресен сервисен центар спроведува и проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ООН, ДФИД, итн. Друштвото раководи со проекти што се финансирани од страна на ЕУ, во својство на главен раководител, како и во својство на партнер во рамките на конзорциум.
Имаме развиено мрежа од развојни консултанти, како локални, така и меѓународни, за цела низа различни области на специјализација, при што досега обезбедувавме техничка и професионална експертиза првенствено во следниве области: образование, информации и комуникации, институционална поддршка и заштита на потрошувачите.
|