Стажирање

Конгресен сервисен центар нуди програми за стажирање за апсолвентите од катедрите за странски јазици на македонските универзитети.
Програмата ги опфаќа следниве аспекти:
• Вовед во најкористените алатки за компјутерски потпомогнат превод (CAT);
• Практична работа на писмени преводи;
• Оценување на сите извршени преводи;
• Издавање потврда за стажирање;
Програмата за стажирање е со траење од две недели, со можност за продолжување уште две недели и идно вработување.
Со оглед на тоа што веќе имаме потпишано службен договор со Универзитетот Св. Кирил и Методиј, ги повикуваме и студентите од сите останати приватни универзитети што изучуваат јазици да ни се придружат.