Конгресен сервисен центар (КСЦ) е друштво за превод и толкување и признат професионален организатор на конференции (ПОК) во Македонија и Србија.
Од една страна, ние нудиме услуги за превод и толкување на сите европски јазици, при што јазиците од Централна и Источна Европа се сметаат за наша потесна специјалност, додека, пак, нашата основна дејност е управувањето со средби (конференции, работилници, конгреси, форуми, симпозиуми), каде ние постапуваме во својство на консултанти и ги ставаме нашите вработени и инфраструктурата на располагање на клиентите.
Со повеќе од една деценија искуство во обезбедувањето професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции, КСЦ денес стана синоним за беспрекорни услуги, високо квалитетни преводи и исклучителна вредност.
Во последниве 11 години КСЦ организираше повеќе од 400 конференции со целосна логистичка поддршка и има обезбедено толкувачи и опрема на приближно 700 настани.
|