Prevodi Tolkuvanje Proekti Nastani

Oбезбедуваме многу повеќе од самите зборови. Ние обезбедуваме техничко разбирање, значење и прецизност.

Со толкувањето од Конгресен Сервисен Центар суштинската комуникација во текот на вашиот настан се одвива непречено.

КСЦ спроведува и проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ООН, ДФИД, итн.

Ние ви нудиме помош во сите фази од проектот, од неговото зачнување до самата завршница

Управување со ЕУ информативни центри: Скадар и Валона, Албанија

Времетраење: Септември 2010 – Ноември 2013
Земја: Албанија
Партнери: Albany Associates (ОК), GADC (Албанија)
Вредност на проектот: 490.000 ЕУР
Клиент: Европска комисија


Цeли на проектот:

  • Да се зголеми знаењето за процесот на интеграција на Албанија и неговите импликации, особено меѓу клучните целни групи;
  • Да се зголеми општото разбирање за ЕУ, нејзините политики и програми меѓу пошироката јавност

 

Намена на проектот:

  • Да се зголеми знаењето за институционалната рамка на ЕУ, нејзините политики, цели и приоритети;
  • Да се зголеми знаењето за односите меѓу ЕУ и Албанија;
  • Да се поттикне подобро разбирање на влијанието на претпристапниот процес во животот и очекувањата на граѓаните;
  • Да се зголеми знаењето за спроведувањето на ИПА во земјата;

 

Очекувани резултати:

  • Воспоставен и добро управуван ЕУ инфо-центар во Скадар и Валона;
  • Поддршка за делегацијата на ЕУ за спроведувањето на комуникациските активности и имплементацијата во Албанија;
  • Информации за развојот на односите меѓу ЕУ и Албанија се доставуваат до клучните целни групи;
  • Посебно изготвени информации за спроведувањето на ИПА во земјата се дистрибуираат меѓу клучните целни групи;
  • Воспоставени синергии со чинители и останати заинтересирани страни за информации за ЕУ;
  • Доставени производи за информирање за ЕУ (печатени материјали, аудиовизуелни и електронски формати);
  • Организирани настани за активности поврзани со ЕУ;

 

Обезбедени услуги:

  • Водење на ЕУ инфо-центрите во Скадар и Валона;
  • Ангажирање соодветен персонал;
  • Управување со настани;
  • Писмен превод;
  • Дизајнирање и одржување на интернет-страницата;
  • Објавување информатори;
  • Објавување билтени;
  • Објавување брошури;

Управување со ЕУ информативни центри: Скадар и Валона, Албанија

Времетраење: јануари 2014 - јуни 2015 г.
Земја: Албанија
Партнери: GADC (Албанија); MDA (Косово)
Вредност на проектот: 245.000 ЕУР
Клиент: Европска комисија


Цeли на проектот:

  • Да се зголеми знаењето за процесот на интеграција на Албанија и неговите импликации, особено меѓу клучните целни групи;
  • Да се зголеми општото разбирање за ЕУ, нејзините политики и програми меѓу пошироката јавност

 

Намена на проектот:

  • Да се зголеми знаењето за институционалната рамка на ЕУ, нејзините политики, цели и приоритети;
  • Да се зголеми знаењето за односите меѓу ЕУ и Албанија;
  • Да се поттикне подобро разбирање на влијанието на претпристапниот процес во животот и очекувањата на граѓаните;
  • Да се зголеми знаењето за спроведувањето на ИПА во земјата;

Очекувани резултати:

  • Воспоставен и добро управуван ЕУ инфо-центар во Скадар и Валона;
  • Поддршка за делегацијата на ЕУ за спроведувањето на комуникациските активности и имплементацијата во Албанија;
  • Информации за развојот на односите меѓу ЕУ и Албанија се доставуваат до клучните целни групи;
  • Посебно изготвени информации за спроведувањето на ИПА во земјата се дистрибуираат меѓу клучните целни групи;
  • Воспоставени синергии со чинители и останати заинтересирани страни за информации за ЕУ;
  • Доставени производи за информирање за ЕУ (печатени материјали, аудиовизуелни и електронски формати);
  • Организирани настани за активности поврзани со ЕУ;

 

Обезбедени услуги:

  • Водење на ЕУ инфо-центрите во Скадар и Валона;
  • Ангажирање соодветен персонал;
  • Управување со настани;
  • Писмен превод;
  • Дизајнирање и одржување на интернет-страницата;
  • Објавување информатори;
  • Објавување билтени;
  • Објавување брошури;

ТП на Единицата за превод и координација (ЕПК) во Србија

Времетраење: 2008 - 2010 г.
Земја: Србија
Партнери: ECO3 (Белгија); Конгресен сервисен центар (Србија)
Вредност на проектот: 956.900 ЕУР
Клиент: Делегација на ЕУ, Србија


 

Опис на проектот:
Во ноември 2007 година, српската влада започна со договорениот текст на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ. Преговорите за ДСА со Србија следеа по раскинувањето на сојузот меѓу Србија и Црна Гора во 2006 година што доведе до отворање посебни преговори со секоја од поранешните републики.

 

Цeл на проектот:
Севкупната цел на проектот е да се надградат институционалните капацитети во Србија за да можат да го спроведат процесот на превод на законодавството на српски јазик за да се олесни усогласеноста со барањата на ДСА и европското законодавство.

 

Намена на проектот:
Целта на проектот е да се развие модерна и ефикасна ЕПК во СЕИО што ќе може да управува и да го координира процесот на превод на европското законодавство.

 

Очекувани резултати:
Очекуваните резултати на проектот се следниве:

  • Стратешки план за подготовка на националната верзија на европското законодавство, вклучувајќи организација и систематизација на ЕПК, донесен и спроведен
  • Дизајниран план за развој и обука н ЕПК ИТ
  • Подобрен квалитет на преводот, терминологијата и правната ревизија

Персоналот на ЕПК и останатите релевантни членови на српската администрација се обучени за клучните вештини потребни за извршување на нивните задачи поврзани со превод, ревизија и терминологија вклучувајќи употреба на релевантни бази на податоци за превод и терминологија.

 

Обезбедени услуги:

  • Целосно управување со настани
  • Организација на обуки
  • Печатење
  • Превод/толкување
  • Организација на студиски посети
  • Медиумска покриеност
  • Создавање организациска стратегија
  • Ангажирање експерти
  • Пишување извештаи
  • Процена на потреби за обука
  • План за развој на ИТ
  • Финансиска контрола
  • Следење И Евалуација

Развој и дизајн на концептот за средно техничко и стручно образование и обука

Времетраење: 01.2016 - 12.2017 г.
Земја: Македонија
Партнери: Archidata S.r.l – Италија; Project Group – Турција; European Integration Management doo
Вредност на проектот: 1.969.217 ЕУР
Клиент: Министерство за образование на Република Македонија


Опис на проектот:
Севкупната цел на оваа задача е да се обезбеди техничка помош за Владата на Македонија и Министерството за образование и наука (МОН) за реформирање на системот на четиригодишното средно техничко и стручно образование и обука (ТСОО) и да се инкорпорираат механизми за брз одговор на барањата на пазарот на труд прилагодувајќи се на промените на пазарот и на демографската ситуација. Македонскиот систем за четиригодишно СОО вклучува 14 занимања, 52 образовни профили и околу 1300 образовни (наставни) програми што треба да се анализираат и реформираат.

 

Поконкретно, целта на оваа задача е да се обезбеди техничка помош и логистичка поддршка во процесот на модернизација на четиригодишното ТСОО преку советување и заедничка работа со релевантните национални агенции и засегнати страни за развојот на концепти и модернизација на средното СОО вклучувајќи интер алиа ревизија и модернизација на следново:
Концепт за модернизација на средното техничко и стручно образование и обука

  • Методологија за развој на стандарди за занимања и обезбедување техничка помош за развој на стандарди за занимања,
  • Методологија за развој на стандарди за квалификации и обезбедување техничка помош за развој на стандарди за квалификации,
  • Методологија за развој на образовни профили и планови и обезбедување техничка помош за развој на образовните профили и планови,
  • Методологија за развој на наставни програми и релевантни модули засновани врз компетенции и обезбедување техничка помош за развој на наставни програми и релевантни модули засновани врз компетенции,
  • Организирање регионални работилници за обука за наставници и директори на училишта насочени на новиот систем и наставни програми (изготвување на материјали за обука, целосна логистичка поддршка за обука на околу 2000 учесници од 37 градови...).

 

Системот за средно ТСОО треба да се заснова врз одржлив концепт за да креира студенти што завршиле со професионални компетенции потребни на пазарот на труд како што се силни основни вештини и конкретни когнитивни и бихевиористички вештини на повисоко ниво што ги бараат работодавачите, како што се решавање проблеми, иницијативност, и способност за независно организирање на сопствената работа, што се основни вештини потребни за натамошна диверзификација и доживотно учење, според барањата на модерните економии.
Се очекува концептот да води до трансформација на средното ТСОО од тесно стручно до пошироко техничко образование и, конечно, до поголема релевантност на пазарот на труд и преносливост на вештините, како и зголемена флексибилност во обезбедувањето средно ТСОО.

 

Обезбедени услуги:
Консултантот е задолжен за следниве активности:

  • Консултантот врши ревизија на цела документација што се однесува на задачата, вклучувајќи ја Стратегијата за стручно образование и обука (2013 г.), Зајакнување на доживотното учење преку модернизирање на системите за стручно образование и обука и за образование на возрасни, поврзаните извештаи доставени преку ЕУ/ИПА и активностите на Британскиот совет
  • Спроведување сеопфатна анализа на структурните и функционални потреби на системот на СОО
  • Предлага План за спроведување со временски распоред на работите, пресвртници и клучни показатели на успешност,
  • Подготвува нова Концепција за модернизација на средното ТСОО.
  • Изготвува методологија за Развој на стандарди на квалификации за занимања
  • Изготвува Методологија за развој на образовни профили и планови.
  • Дефинира соодветен сооднос меѓу техничките и општите предмети коишто се дел од наставната програма, имајќи ги предвид барањата на концепцијата за државна матура и екстерно тестирање на средношколците.
  • Развива методологија за развој на наставни програми засновани врз компетенции.
  • Врши процена на мрежата на средни стручни училишта што вклучува изготвување соодветни прашалници, работи во тесна соработка и обезбедува насоки за собирачите на информации назначени од клиентот, врши анализа на релевантните податоци и подготвува извештај со план за рационализација на мрежата на средни стручни училишта, односно, предлага чекори за оптимизација на понудата, квалитетот и трошоците.
  • Изготвува материјали за обука и прирачници за директори на училишта и наставници
  • Целосна логистичка поддршка на работилниците за обука
  • Процена на опремата што во моментов е достапна во средните стручни училишта

Превод на литературни дела од автори што добиле Нобелова награда

Времетраење на проектот: 2009-2011

Назив: „Превод на литературни дела од автори што добиле Нобелова награда"

Клиент: НИД Микена – Битола

Опис: Во рамките на реализација на проектот, Конгресен сервисен центар за клиентот ги изврши следниве активности:

  • Обезбедување на авторски права од името на корисникот на услугата
  • Обезбедување преведувачи за превод на предметните наслови
  • Потпишување договори за превод од името на клиентот
  • Обезбедување лектори за лектура на предметните наслови
  • Потпишување договори за лектура од името на клиентот
  • Контрола на квалитетот на преводот и лектурата
  • Подготвување коресподентна документација

Превод и лектура на 130 тома македонска книжевност на англиски јазик

Времетраење на проектот: 2010-2011

Назив: „Превод и лектура на 130 тома македонска книжевностна англиски јазик"

Клиент: НУБ „Св. Климент Охридски"

Опис: Во рамките на реализација на проектот, Конгресен сервисен центар за клиентот ги изврши следниве активности:

  • Обезбедување авторски права од името на корисникот на услугата
  • Обезбедување преведувачи за превод на предметните наслови
  • Потпишување договори за превод
  • Обезбедување лектори за лектура на предметните наслови
  • Потпишување договори за лектура
  • Контрола на квалитетот на преводот и лектурата

Подготовка на седум антологии на македонски јазик од Проектот 130 тома македонска книжевност

Времетраење на проектот: 2012

Назив: „Подготовка на седум антологии на македонски јазик од Проектот 130 тома ма кедонска книжевност"

Клиент: НУБ „Св. Климент Охридски"

Опис: Во рамките на реализација на проектот, Конгресен сервисен центар за клиентот ги изврши следниве активности:

  • Обезбедување автори за подготовка на антологиите
  • Потпишување договори со авторите на антологиите
  • Лектура на предметните антологии
  • Техничка обработка на антологиите.

Во рамките на проектот беа подготвени следните антологии:

  • Антологија на македонската поезија, автор Санде Стојчевски
  • Антологија на македонскиот расказ, автор Бранко Цветкоски
  • Антологија на македонската драма, автор Јелена Лужина
  • Антологија на македонскиот роман (2 тома), автор Венко Андоновски
  • Антологија на македонската книжевност за деца, автор Веле Смилевски
  • Антологија на македонската книжевна критика, автор Раде Силјан
  • Антологија на македонскиот есеј, автор Иван Џепаровски

Ѕвезди на светската книжевност

Времетраење на проектот: 2011-2014

Назив: „Ѕвезди на светската книжевност". Дел од споменатиот проект, 136 наслови

Клиент: Министерство за култура на Република Македонија

Опис: Во рамките на реализација на проектот, Конгресен сервисен центар за клиентот ги изврши следниве издавачки активности:

  • Обезбедување на авторски права за делата коишто подложат на авторски права
  • Обезбедување на преведувачи
  • Превод
  • Обезбедување на лектори
  • Лектура
  • Редакција
  • Техничко уредување на преводите
  • Подготовка за печат
  • Печатење

Подготовка, превод на англиски јазик, лектура и печатење на пет наслови од проектот 135 тома македонска книжевност

Времетраење на проектот: 2013-2014

Назив: „Подготовка, превод на англиски јазик, лектура и печатење на пет дополнителни наслови од проектот 135 тома македонска книжевност"

Клиент: НУБ „Св. Климент Охридски"

Опис: Во рамките на реализација на проектот, Конгресен сервисен центар за клиентот ги извршува следниве издавачки активности:

  • Подгортовка на авторски договори
  • Лектура
  • Превод на англиски јазик
  • Лектура на англиски јазик
  • Редакција
  • Техничко уредување
  • Подготовка за печат
  • Печатење

+