Prevodi Tolkuvanje Proekti Nastani

Oбезбедуваме многу повеќе од самите зборови. Ние обезбедуваме техничко разбирање, значење и прецизност.

Со толкувањето од Конгресен Сервисен Центар суштинската комуникација во текот на вашиот настан се одвива непречено.

КСЦ спроведува и проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ООН, ДФИД, итн.

Ние ви нудиме помош во сите фази од проектот, од неговото зачнување до самата завршница

Ex-post следење на грантови и снабдувачи спроведено и финансирано од ИПА и ЕИДЧП

Времетраење: 02/2016 г. – 05/2016 г.
Земја: Македонија
Партнери: STEM (Италија)
Буџет: 53.466 ЕУР
Клиент: IBF (Белгија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од COM 2011 - лот 1.

 

Општа цел
Општата цел е процена на ефектите на претпристапната помош во земјата преку обезбедување на нејзината одржливост и долгорочно влијание.

 

Конкретна цел
Конкретните цели на оваа процена/ex post следење се:

  1. Процена на влијанието, ефективноста, ефикасноста, важноста, видливоста и одржливоста на примерок од шемата на грантови финансирана од ИПА и ЕИДЧП и договорите за набавка финансирани од ИПА;
  2. Презентирање поуки и препораки за одговорните за подобрување на одржливоста на завршените проекти и поуки за изготвување на идните програми;
  3. Предложување мерливи цели на политиките и сродни мерливи показатели за идната помош врз основа на резултатите на влијанието остварено под сегашната помош.

 

Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Врши процена на напредокот што е постигнат во насока на предвиденото влијание на проектите за време на процената, вклучувајќи го и досегашното влијание и достигнувања. Процената ќе опфати примерок од проектите за финансиска помош на ЕУ обезбедени во рамките на ИПА програмата (Компонентите I, II, III и IV) спроведени во рамките на централизираниот и децентрализираниот режим и ЕИДЧП. Ќе се стави особен фокус на ефективноста, влијанието и одржливоста на финансиската помош на завршените проекти за договорите за грантови за периодот 2013 - 2015 година и за договорите за набавки за периодот 2008 – 2015 година.
  • Извлекува поуки од сите засегнати страни со цел да обезбеди насоки и препораки за ефективно спроведување на преостанатиот програмски период. Процената ќе се фокусира на поддршката од страна на ЕУ со цел да се добие целосно разбирање на интервенциите на ЕУ, а особено каде и зошто тие добро функционирале, и каде и зошто функционирале помалку добро. Врз основа на тоа, ангажманот ќе обезбеди релевантни препораки за подобрување на изготвувањето, програмирањето, видливоста и спроведувањето на интервенциите на ЕУ, со цел подобрување на нивната важност, ефикасност, ефективност, влијание и одржливост.
  • Нивото на фокус ќе опфаќа ниво на договор и ниво на проект.
  • Врши процена на изготвувањето и планирањето документи на релевантните Шеми на грантови и ги идентификува сите промени што реално би можеле да ја зголемат веројатноста за поголемо програмско влијание и би можеле да пренесат поуки и препораки за во иднина.

Техничка помош при управување со проекти и следење на шемата на грантови „Поттикнување на социјалната инклузија

Времетраење: 11/2015 г. – 10/2017 г.
Земја: Македонија
Буџет: 202.795 ЕУР
Клиент: ACE/AECOM (Шпанија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од ACE/AECOM (Шпанија) од BENEF 2009 - лот 9.

 

Општа цел
Општата цел на овој ангажман е да се обезбеди поволно окружување за ефикасно и ефективно спроведување на проектите за социјална инклузија.

 

Конкретна цел
Конкретната цел на овој ангажман е да се зајакнат вештините и да се зголемат знаењата на грантистите (примателите на грант) на кои ќе им бидат доделени грантови во рамките на Повикот за предлози „Поттикнување на социјалната инклузија" - EuropeAid/135012/M/ACT/MK, со цел да се изврши ефективно, ефикасно и етичко спроведување (стабилна администрација) на договорите за грант.

 

Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Осмислува, организира и спроведува обуки за грантистите во соработка со ЦФЦД и Одделението за следење на ИПА Компонента IV во МТСП во Македонија, вклучувајќи и развој на програми за обука и материјали, изработка на план за обука и спроведување на обуки во согласност со планот.
  • Обезбедување онлајн поддршка на добитниците на грантови, особено во областите на следење, финансиско известување и сметководство (области што ИПА Структурата ги оценила како слаби). Оваа активност вклучува изготвување и развој на веб-страница, изготвување/адаптирање на постоечките алатки за грантистите, обезбедување соодветно пренесување и споделување информации, обезбедување секојдневна поддршка за грантистите.
  • Врши посети на самото место и им дава насоки на добитниците на грантови вклучувајќи и изготвување план и материјали за посети на самото место и обуки на работното место за добитниците на грантови во тесна координација/соработка со ОС за ИПА компонента 4; Спроведување посети на самото место и обуки на работното место за грантистите во согласност со одобрениот план за посетите на самото место, како и организирање и спроведување средби „денови на размена" со добитниците на грантови.

Поддршка на Министерството за труд и социјална заштита на населението на Република Азербејџан при создавањето на системот за следење слободни работни места и подготовката за иден Твининг проект

Времетраење: 08/2015 г. – 07/2016 г.
Земја: Азербејџан
Буџет: 125.794 ЕУР
Клиент: ACE/AECOM (Шпанија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од ACE (Шпанија) од BENEF 2013 - лот 9.

 

Општа цел
Општата цел на овој ангажман е да се обезбеди помош за МТСЗН да ја зајакне службата за вработување и да развие кредибилен и одржлив информативен систем за пазарот на трудот како основа за антиципирање и поврзување на потребите и вештините.

 

Конкретна цел
Конкретните цели на овој проект опфаќаат давање совети и поддршка во понатамошниот развој на системот за регистрирање договори за вработување со фокус на создавање систем за прогнозирање и следење слободни работни места(вклучувајќи информации по компоненти на информативниот систем за пазарот на трудот) при изготвување на Твининг фише потребно за отпочнување институционален Твининг проект и при креирањето и формулирањето реалистични и кохерентни конкретни активности поврзани со политиките, чија цел е понатамошно зајакнување на квалитетот и видливоста на анализата на пазарот на трудот, годишно и среднорочно планирање и следење што може да се спроведе и/или поддржи во рамките на Инструментот за техничката соработка 2016 финансиран од ЕУ.

 

Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Го разгледува Извештајот за тековните постапки и капацитети и поединечните активности на упатување за регистрација на барателите на работа и можностите за вработување (работните места).
  • Изработка на Концептуален план за развој на систем за следење работни места и Патоказ за негово спроведување.
  • Давање совети за најдобрите европски практики за поддршка на процесот на поврзување на барателите на работа со работните места или можностите на активните политики на пазарот на трудот (АППТ), вклучувајќи воспоставување и водење интегрирани бази на податоци што содржат информации за барателите на работа и работните места.
  • Помош при идентификација на методологии и алатки за сеопфатен преглед на постојниот пазар на трудот.
  • Анализа на постојниот хардвер и софтвер и предлози за надградби на хардверот и софтверот за создавање модерен информативен систем за пазарот на трудот со користење на идентификуваните методологии и алатки.
  • Вршење анализа на потребите за обука.
  • Поддршка за МТСЗН при подготвувањето технички спецификации за набавка на комерцијален или специјално изработен софтвер и хардвер.
  • Поддршка при изготвувањето едно Твининг фише и при процената на буџетот за институцијата-корисник врз основа на даден модел во тесна соработка со проектот „Поддршка за градење на институциите во Азербејџан (SIBA)".
  • Изготвување на потребната документација за идентификација, формулација и одобрување на Инструментот за техничка соработка 2016 финансиран од ЕУ: идентификациското фише, акцискиот документ и соодветните анекси.

Оценувачи со задача да помогнат при оценувањето на апликациите за грантови добиени во рамките на повикот за предлози (EUROPEAID/136723/DD/ACT/SS) Акција за зајакнување на издржливоста (PRO-ACT): јакнење на издржливоста преку спречување кризи и стратегија

Времетраење: 07/2015 г. – 01/2016 г.
Земја: Јужен Судан
Буџет: 44.950 ЕУР
Клиент: IBF (Белгија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од COM 2011 - лот 1.

 

Општа цел
Општата цел на Повикот за предлози е да се подобри состојбата на безбедноста на храната и исхраната на ранливите групи на население во областите зафатени со конфликтот во Јужен Судан.

 

Конкретна цел
Конкретната цел на Повикот за предлози е да се зајакнат капацитетите на ранливите групи со цел одржливо производство и/или пристап до храна.

 

Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Извршува техничко оценување на концептуалните белешки во согласност со насоките што ќе бидат обезбедени од страна на договорниот орган и кои се врз основа на објавените шеми на оценување.
  • Извршува техничко и финансиско оценување на целокупните апликации во согласност со насоките што ќе бидат обезбедени од страна на договорниот орган и кои се врз основа на објавените шеми на оценување.

Јакнење на системот за финансиско управување и внатрешна контрола во Агенцијата за вработување

Времетраење: 02/2015 г. – 02/2017 г.
Земја: Македонија
Буџет: 161.235 ЕУР
Клиент: ACE/AECOM (Шпанија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од ACE (Шпанија) од BENEF 2013 - лот 9.

 

Општа цел
Општата цел е интегрирање на младите, долгорочно невработените и жените на пазарот на трудот, со подобрување на ефикасноста и транспарентноста на работата на Агенцијата за вработување.

 

Конкретна цел
Конкретните цели на овој проект опфаќаат подобрување на ефективноста на системот на внатрешна контрола и финансиско управување во Агенцијата за вработување, со што се придонесува за правилно, етичко, економично, ефективно и ефикасно управување со јавните средства за програми и услуги за вработување во согласност со важечката регулатива.

 

Обезбедени услуги:
Експертите:

  • Спроведоа процена на ризиците и ги идентификуваа недостатоците во контролите во тековниот систем за финансиско управување и внатрешна контрола во АВРМ;
  • Изготвија акциски план за намалување на идентификуваните ризици.
  • Развија методологија на улогата на внатрешната ревизија во управувањето со ризици и контролните механизми;
  • Спроведоа обуки за подигнување на свеста за внатрешната ревизија;
  • Воспоставија постапки за внатрешна контрола во АВРМ;
  • Создадоа соодветни постапки за ревизија и стратегија за ревизија, како и план за ревизија за АВРМ;
  • Спроведоа обуки за соодветните вработени во АВРМ за вршење на ревизорската функција и контроли (прегледи, следење и верификации на самото место);
  • Служеа како ментори во АВРМ за подготовка на годишниот финансиски извештај и верификациите;
  • Ги споделија резултатите од проектот на работилница организирана во соработка со ЦФЦД, Националниот координатор за авторизација, Државниот завод за ревизија и ИПА единиците во МТСП.

Помош при подготвување на техничката документација и оценување на понудите во врска со доделувањето договор за изградба на зграда на АКТС во Банги (RCA)

Времетраење: 09/2014 г. – 11/2014 г.
Земја: Централноафриканска Република
Буџет: 22.445 ЕУР
Клиент: Planet (Грција)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од Planet (Грција) од BENEF 2013 - лот 2.

 

Општа цел
Општата цел на овој проект е да придонесе за модернизација и обезбедување на трансакциите на Министерството за финансии на Централноафриканската Република.

 

Конкретна цел
Конкретните цели на овој проект опфаќаат обезбедување помош при составувањето на техничкото досие за изградба на нова зграда и при оценувањето на тендерите за ефективно извршување на договорот за вршење работи според постапката со преговарање пред 22 декември 2014 година.

 

Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Обезбеди поедноставена верзија, вклучувајќи и описни елементи на проектот за изградба и првична процена на трошоците.
  • Обезбеди нацрт-детален проект со целокупната потребна техничка документација за подготовка на тендерското досие.
  • Обезбеди поддршка за Министерството за финансии, Националниот координатор за авторизација и Делегацијата на ЕУ при одговарањето прашања и појаснувања за ТС за време на тендерската фаза.
  • Обезбедување поддршка за Националниот координатор за авторизација и помош при оценувањето на поднесените понуди.

Давачки за пристап на пругите на бугарските железници - (TA2012026 BG BSF)

Времетраење: 09/2014 г. – 10/2015 г.
Земја: Бугарија
Буџет: 29.918 ЕУР
Клиент: Planet (Грција)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од Planet (Грција) од иницијативата за поддршка на спроведувањето на Проектот на ЕИБ во Бугарија.

 

Општа цел
Општата цел на овој проект е обезбедување техничка помош за поддршка на бугарската администрација, а особено управителот на железничката инфраструктура на Бугарија (НКЖИ).

 

Конкретна цел
Конкретните цели на проектот опфаќаат воспоставување соодветна методологија за пресметка на давачките за пристап на пругите (ТАС), во согласност со барањата на релевантните директиви на ЕУ.


Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Ги собра и анализираше расположливите податоци во НКЖИ, ИАЖА, МТИТК и железничките оператори, во врска со TAC, трошоците и приходите.
  • Ги разгледа и анализираше главните методолошки пристапи за параметрите на ТАС.
  • Обезбеди влезни податоци во режимот на железничка инфраструктура и трошоците за услуги земајќи ги предвид заклучоците и препораките на проектот „Развивање стратегија за управување со средства", како и одредбите од постојните законски норми.
  • Изготви преглед на Регулаторниот прирачник и подготви и претстави Методологија за оценување/дискусија на елементите за донесување одлуки на ниво на TAC/такси.
  • Организираше четири (4) работилници.
  • Изготви Акциски план.
  • Го комплетираше Регулаторниот прирачник: Идентификуваше и предложи измени на организациската структура и процедурите на НКЖИ, со цел да се обезбеди одреден степен на логичка основа на приватниот сектор. Обезбеди соодветно правно окружување со цел да се овозможи функционирање на системот за менување.
  • Ги презентираше резултатите од техничката помош и препораките пред засегнатите страни (НКЖИ и МТИТК/МФ).
  • Изготви кратко резиме за политиките опфаќајќи ги главните наоди од студијата.

Поддршка на Делегацијата на ЕУ за време на постапките на условно и конечно прифаќање на проектот „Фиксна и мобилна комуникациска мрежа за граничната полиција, Фаза II: Хорешти до Отач - (FWC – BENEF – LOT 3)

Времетраење: 08/2014 г. – 08/2016 г.
Земја: Молдавија
Буџет: 13.160 ЕУР
Клиент: Planet (Грција)


 

Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од Planet (Грција) од BENEF 2013 - лот 3.

 

Општа цел
Општата цел на овој проект беше да се даде поддршка на Владата на Молдавија во нејзините напори да го подобри системот за гранично управување.

 

Конкретна цел
Конкретните цели на овој проект беа да се даде поддршка на Делегацијата на ЕУ за време на Постапките на условно и конечно прифаќање на проектот „Фиксна и мобилна комуникациска мрежа за граничната полиција, Фаза II: Хорешти до Отач"


Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Обезбеди техничка помош на Делегацијата на ЕУ за оперативната функционалност на фиксната и мобилната комуникациска мрежа за граничната полиција на Молдавија, Фаза II: Хорешти до Отач;
  • Обезбеди технички совети за Условното прифаќање на фиксната и мобилната комуникациска мрежа за граничната полиција, Фаза II: Хорешти до Отач"
  • Обезбеди технички совети за Условното прифаќање на фиксната и мобилната комуникациска мрежа за граничната полиција, Фаза II: Хорешти до Отач"

Техничка помош за Царинската управа на Република Србија за учество на тендер за изградба на граничниот премин (ГП) Бајмок

Времетраење: 07/2014 г. – 07/2015 г.

Земја: Србија Буџет: 41.468 ЕУР

Клиент: Planet (Грција)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од Planet (Грција) од BENEF 2013 - лот 2.

 

Општа цел

Општата цел на проектот е да се подобри квалитетот на услугите на Царинската управа, да се зголеми капацитетот на Царинската управа на Србија (ЦУС), да се обезбеди ефикасна и ефективна интегрирана гранична контрола и да се подобри борбата против илегалната миграција.

 

Конкретна цел

Конкретната цел на овој ангажман е да се обезбеди техничка поддршка за корисникот при подготовката на целосното тендерско досие за изведување работи, со цел да се набави изведувач на работи со локална отворена тендерска постапка за изведување работи, подготовка на предлог-проектна задача за договорот за надзор и помош за корисникот и договорниот орган во фазата на појаснувања во врска со тендерите, како и во фазата на оценување на тендерите.

 

Обезбедени услуги:

Експертот:

  • Изврши посета на локацијата, ја собра и разгледа претходно подготвената документација: Детален регулационен план, дозвола за локација, студија за изводливост и идеен дизајн на проектот и конечен дизајн.
  • Подготви ажурирана проценка на буџетот и провери дали финансиските средства наменети за договорот за изведување работи се доволни за правилно завршување на проектот.
  • По процената на документите, ја подготви техничката спецификација и тендерското досие во согласност со важечките правила на PRAG и FIDIC и прописите на ЕУ за договорите за изведување работи.
  • Ја изработи проектната задача за надзор на спроведувањето на договорот за изведување работи во согласност со правилата на PRAG.
  • Одговори на прашања и појаснувања во врска со ТС за време на тендерската фаза. (Изготви појаснувања за ТС за време на тендерската фаза и помогна при оценувањето).  

Преглед на Програмата за поддршка на човековиот развој II (HDSP II) во Таџикистан

Времетраење: 01/2015 г. – 04/ 2015

Земја: г. Таџикистан

Буџет: 12.900 ЕУР

Клиент: IBF (Белгија)


 

Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од COM 2011 - лот 1.

 

Општа цел
Општата цел на овој ангажман е да придонесе за намалување на сиромаштијата, како и за перспективите за долгорочен одржлив економскиот раст преку подобрување на ефективноста и ефикасноста на работењето на социјалниот сектор во Таџикистан.

 

Конкретни цели
Конкретната цел е да се изврши преглед на спроведувањето на HDSP II и да се дадат препораки за исплатата на средства од првата транша од HDSP II. Кон оваа проектна задача е приложен Договор за финансирање со детални услови.


Обезбедени услуги:
Експертите го разгледаа спроведувањето на HDSP II и ја оценија сообразноста со општите услови во прилог на фиксната транша од HDSP II.

Врз основа на процената, експертите дадоа препораки за исплатата на средства од првата транша од HDSP II.

Искористувајќи ја можноста што овој преглед ја обезбеди, експертите обезбедија прва среднорочна процена на напредокот на работата во однос на посебните услови договорени за крајот на 2016 и 2017 година.

Надворешен набљудувач при изведувањето работи за оценување тендери

Времетраење: 09/2014 г. – 12/2014 г.
Земја: Македонија:
Буњет: 15.630 ЕУР
Клиент: IBF (Белгија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од COM 2011 - лот 1.

 

Општа цел
Општата цел на овој ангажман е набљудување на редовноста и сообразност со Практичниот водич за договорни процедури за надворешни акции на ЕУ за горенаведеното оценување и придонесување за успешна тендерска постапка.

 

Конкретни цели
Конкретната цел на овој ангажман е да се обезбеди независна експертиза како набљудувач на горенаведеното (1) оценување тендери, во согласност со правилата на Практичниот водич за договорни процедури за надворешни акции на ЕУ - PRAG.
Исто така, да се обезбеди помош за Делегацијата на Европската Унија во нејзините „ex-ante" контроли.


Обезбедени услуги:
Како набљудувач во Комисијата за оценување, Експертот учествуваше во сите фази на оценување (вклучувајќи средби за информирање/испитување) и обезбеди информирана и непристрасна проценка на регуларноста на процесот на оценување.

Набљудувач за оценувањето на ИПА Програмата за прекугранична соработка на ПЈР Македонија и Косово за 2010, 2011, 2012 г.

Времетраење: 02/2014 г. – 09/2014 г.
Земја: Македонија
Буџет: 47.094 ЕУР
Клиент: IBF (Белгија)


 

Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од COM 2011 - лот 1.

 

Општа цел
Да се обезбеди усогласеност со Практичниот водич за договорни процедури за надворешни акции на ЕУ, вклучувајќи ја и регуларноста на постапката за избор на предлог-проекти за Отворениот повик за доставување предлог-проекти (EuropeAid/135-229/L/ACT/MK) во рамките на ИПА Програмата за прекугранична соработка помеѓу поранешна Југословенска Република Македонија - Косово за 2010, 2011 и 2012 година.

 

Конкретна цел
Конкретната цел на овој ангажман е да се обезбеди независна експертиза како набљудувач на горенаведениот Повик за оценување предлози, во согласност со правилата на Практичниот водич за договорни процедури за надворешни акции на ЕУ - PRAG.


Обезбедени услуги:
Експертот учествуваше како набљудувач во Комисијата за оценување, во фазите на Краткиот опис и целосната примена на процесот на оценување (вклучувајќи средби за информирање/испитување) и обезбеди информирана и непристрасна проценка на регуларноста на процесот на оценување.

Подготовка на техничка спецификација за набавка на опрема за судските институции

Времетраење: 06/2014 г. – 11/2014 г.
Земја: Македонија
Буџет: 31.631 ЕУР
Клиент: IBF (Белгија)


Цели на проектот:

Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од BENEF 2013 - лот 7.

 

Општа цел
Општата цел на проектот е да се придонесе за успешно склучување договори и спроведување на ИПА проектот 2010, чија цел е зајакнување на независноста, отчетноста, транспарентноста, професионалноста и ефикасноста на судството.

 

Конкретна цел
Конкретната цел на овој ангажман е да се подготви техничка спецификација за соодветен ИТ хардвер, софтвер и друга опрема, како и неопходни предмети и да се спроведе истражување на пазарот и процена на трошоците за наведената опрема со цел да се изврши успешно спроведување на договорот за набавка во рамките на ИПА 2010 - Проектното фише.


Обезбедени услуги:
Експертот:

  • Ја изготви техничката спецификација во согласност со применливите правила на PRAG и регулативите на ЕУ за набавка на ИТ хардвер, софтвер и друга опрема/предмети и надградба на постојните системи со нов хардвер, софтвер и друга опрема/предмети. (Изготвена техничка спецификација);
  • Спроведе истражување на пазарот и проценка на трошоците за наведената опрема. (Изготвено истражување на пазарот);
  • Одговори на прашања и појаснувања во врска со ТС за време на тендерската фаза. (Изготвени појаснувања за ТС за време на тендерската фаза).

Надзор на обновувањето, надградбата и реконструкцијата на железничките станици долж пан-европскиот коридор X вклучувајќи ја и делницата X-d, во согласност со најдобрите практики на ЕУ

Времетраење: 05/2015 г. – 02/2017 г.
Земја: Македонија
Буџет: 140.480 ЕУР
Клиент: COWI Белгија ДОО


 

Цели на проектот:

Општа цел
Општата цел на Операцијата е да се подобри севкупниот квалитет на услугите за сите патници, да се зголемат техничките стандарди и квалитетот на железничките станици, во согласност со најдобрите практики на ЕУ и целокупниот интерес за патување со воз.

 

Конкретни цели
Конкретната цел на овој ангажман е целосен надзор на Договорот за вршење работи за обновување, надградба и реконструкција на 10 железнички станици долж Коридорот 10 и делнцата 10 - Д во согласност со најдобрите практики на ЕУ, (EuropeAid/135077/D/WKS/МК) подредени во 4 лотови како што следува:
Лот 1- обновување, надградба и реконструкција на железнички станици во Велес, Чашка и Богомила

Лот 2 - обновување, надградба и реконструкција на железничките станици во Прилеп и Битола
Лот 3 - Обновување, надградба и реконструкција на железничките станици во Табановце, Градско, Неготино (Вардар) и Демир Капија
Лот 4 - Обновување, надградба и реконструкција на железничката станица во Гевгелија


Опсегот на договорот/-ите за вршење работи се состои од изведување целосно оперативно обновување, надградба и реконструкција на железничките станици.
За таа цел, договорот предвидува реновирање на сите големи објекти на железничките станици, вклучувајќи ги и пероните, со посебно внимание на подобрувањето на пристапноста за лицата со посебни потреби или намалена подвижност. Деталните планови предвидуваат замена и надградба на сите услуги: водовод, канализација, електрична инсталација, вклучувајќи внатрешно и надворешно осветлување на железничките станици, системи за греење и ладење, систем за заштита од пожар, систем за патнички информации, зголемување на пристапноста за товарниот транспорт и пристапност и поврзување со патниот сообраќај (јавен и индивидуален)


Обезбедени услуги:
Ангажманот ќе се одвива во две фази: Почетна фаза и фаза на спроведување и период на гаранција за градежните недостатоци.
Во текот на почетната фаза, рамковниот изведувач/супервизор ќе ги извршува сите неопходни почетни активности на проектот вклучувајќи ги, меѓу останатите: идентификување и воспоставање контакти со сите релевантни чинители, и собирање податоци потребни за развој на методологијата и програмата за работа за спроведување на проектот.


Фазата на спроведување - Во овој период експертите се должни да ги координираат активностите со изведувачите на работи, корисникот и други релевантни чинители, со цел да се обезбеди непречено спроведување на предвидените работи.


За време на период на гаранција за градежните недостатоци, експертите мораат да извршат најмалку две посети, вклучувајќи ја и финалната инспекција по истекот на период на гаранција за градежните недостатоци и да изготват извештаи од овие мисии што ќе бидат дел од финалниот извештај.

Разгледување на спроведувањето на договорот на ЕУ за секторски реформи - Поддршка за реформите во политиките за јавните финансии

Времетраење: 11/2014 г. – 04/2015 г.
Земја: Грузија
Буџет: 15.116 ЕУР
Клиент: IBF (Белгија)


 

Цели на проектот:
Овој проект е договорен по добиено барање за услуга од IBF (Белгија) од COM 2011 - лот 1.

 

Општа цел
Да се придонесе за подобрување на транспарентноста, отчетноста и ефективноста на политиките и управувањето со јавните финансии во Грузија.

 

Конкретна цел
Конкретната цел на овој рамковен договор е да обезбеди детален преглед на спроведувањето на договорот на ЕУ за секторски реформи (ДСР) - Реформи на политиките за јавни финансии (РПЈФ) во Грузија и да ѝ се овозможи на Комисијата да ги користи доставените извештаи како алатка за следење на спроведувањето на програмата и за донесување одлуки за исплата на ратата за 2015 година.

 

Обезбедени услуги:
Експертот за сметководство и ревизија во јавниот сектор ги разгледа условите што се однесуваат на развојот на надворешна и внатрешна ревизија и финансиски надзор во согласност со Техничките и административните одредби, Анекс II од Договорот за финансирање на ЕУ (ДСР) - Поддршка за Реформите на политиките за јавни финансии (РПЈФ). Покрај тоа, експертот детално ги разгледа следниве услови:

  • Јавна внатрешна финансиска контрола и ревизија;
  • Мандатот, работењето и комуникацијата на Државниот завод за ревизија
  • Буџетски (т.е. парламентарен) надзор, транспарентност и комуникација.

Преведувачки услуги - Македонија 2001 год.

Времетраење 2001
Наслов Преведувачки услуги
Земја Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 3.600 ЕУР
Клиент: ЕАР (Vakakis International ISMA Проект)
Опис на проектот:

Целокупната цел на проектот беше поддршка на процесот на приближување на македонското законодавство до европското законодавство во специфичните области на ветеринарството, фито-санитарната област и виното. Специфичната цел беше вршење превод на следното европско законодавство:

  • Регулатива на Советот (ЕК) бр. 1493/1999, која ја дефинира општата организација на пазарот на вино; и
  • Регулативата на Советот (ЕК) бр. 753/2002, која ги дефинира правилата во однос на описот, презентирањето и заштитата на одредени вински производи и ознаки.

Обезбедени услуги:

  • Писмен превод на ЕУ Регулативите од англиски на македонски јазик;
  • лектура;

Проект за развој на заедницата – Институционална поддршка - Македонија, 2004 год.

Времетраење 2004
Наслов Проект за развој на Заедницата – Институционална поддршка
Земја Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 24.000 ЕУР
Клиент: Министерство за финансии, Македонија
Опис на проектот:

Целокупниот проект имаше за цел обезбедување поддршка на Владата во развојните напори по конфликтот, насочени кон градење локален и социјален капитал, промовирајќи го помирувањето меѓу луѓето и намалување на веројатноста за понатамошен конфликт. Во рамките на опсегот на проектот, Консултантот ги имплементираше следните компоненти:

Компонента два: Институционално јакнење за институциите на локално ниво и заедниците, со цел да се одговори на нивните потреби и приоритети, вклучувајќи го следното:

  • Организирање повеќе курсеви за странски јазици (еловен и општ англиски)
  • организирање серија работилници и семинари
  • организирање промотивни активности и активности за подигнување на јавната свест
  • Писмен превод на документи.

Обезбедени услуги:

  • Спроведување TNA;
  • Развој на наставни планови;
  • промоција на курсеви за обука;
  • избор на учесници;
  • организација на курсеви за обука (координација на обучувачи, туторство, материјал за обука);
  • финансиска контрола, следење и евалуација, писмен превод, ажурирање на поимници и терминологија;

Изготвување на трговското право - Македонија, 2004 - 2005 год.

Времетраење 2004 - 2005
Наслов Изготвување на трговското право
Земја Македонија
Партнери: Image PR
Вредност на проектот: 100.000 ЕУР
Клиент: Делегација на ЕК, Македонија;
Опис на проектот

Целокупни цели:

  • Усвојување и спроведување на ефективни економски закони што ќе бидат во согласност со ЕУ директивите и ќе придонесат за постабилна законодавна средина за бизнис;
  • развојот на таквото законодавство и обезбедување дека новото законодавство ќе биде разбрано и прифатено од сите учесници, а особено деловната заедница, како предуслов за успешна имплементација;
  • Процена на правните опции и политички импликации во контекст на специфичните ограничувања и насоки кон хармонизацијата на законите;
  • изготвување на закони, во случаите кога тоа е неопходно, (примарно и секундатно законодавство) во соработка и координација со релевантните чинители, донатори и експерти;
  • спроведување на селектираните опции и текстови преку соодветна комбинација на обуки и комуникација (со јавноста:
  • Деловната заедница, потрошувачите, НВО, граѓаните).

Специфични цели:

  • Обезбедување писмен превод на европското законодавство поврзано со трговијата;
  • професионална организација на работилници за обука, семинари и други настани за обука, под водство и на барање од проектните експерти;
  • подготовка и поддршка за комуникација, промоција и поврзани настани, под водство и на барање на проектните експерти;

Обезбедени услуги:

  • Целосна организација на настан;
  • Поднесување извештаи според PRAG правилата;
  • евалуација и следење;
  • кампања за подигнување на јавната свест;
  • организација на работилници и семинари за специфични теми;
  • евалуација на комуникациски план и извештај за усогласување;
  • истражувачка анализа на 8 целни групи;
  • анализа на 6 консултативни состаноци;
  • детално брифирање;
  • резултати од медиумската PR кампања;
  • 6 известувања за медиуми;
  • 8 медиумски брифинзи/конференции;
  • извештај од материјалите од печатените медиуми;
  • резултати од PR на настаните;
  • 5 извештаи од јавни средби;
  • 8 листови со често поставувани прашања (подготовка и дисеминација);
  • Завршен програмски извештај, вклучително и квалитативна анализа и стратешки препораки за идните промотивни активности.

Твининг проект „Приближување на законодавството до европското законодавство за внатрешен пазар”, 2005

Времетраење 2005
Наслов Твининг проект „ Приближување на законодавството до европското законодавство за внатрешен пазар" 00MAC01/02/006
Земја Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 3.600 ЕУР
Клиент: Владина канцеларија за европски прашања, Словенија
Опис на проектот:

Република Словенија, Канцеларијата за европски прашања, склучи договор за спроведување на Проектот 00MAC01/02/006, со датум 16 август 2004, со Европската унија, Европската агенција за реконструкција, во рамките на Кардс Твининг проектот „Приближување на законодавството до европското законодавство за внатрешен пазар";. Опсегот на договорот беше обезбедување на преведувачки услуги од англиски на македонски јазик. Под терминот преведувачки услуги се подразбира обезбедување писмен превод и лектура.

Обезбедени услуги:

  • Писмен превод на ЕУ Регулативите од англиски на македонски јазик;
  • лектура;

FWC: Услуги за поддршка на проектните активности на ЕТФ во Македонија - Македонија, 2005 – 2008 год.

Времетраење 2005 - 2008
Наслов: FWC: Услуги за поддршка на проектните активности на ЕТФ во Македонија
Земја Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 200.000 ЕУР
Клиент: Европска тренинг фондација (ЕТФ)
Опис на проектот:

Европската тренинг фондација (ЕТФ) ги поддржува земјите партнери во развојот на квалитетно образование и систем за обука и нивното спроведување. Во земјите со кои соработува Одделот за проширување и Југоисточна Европа, целокупната цел беше следна:

Да се поддржи Европската комисија за нејзините оперативни потреби за програмскиот циклус на ЕУ во областа на развој на човековите ресурси, со особено внимание на стручното образование, обуката за раководење

Специфични цели:

  1. обезбедување локални експерти за сите прашања поврзани со образованието и обуката, пазарот на трудот и вработувањето во Македонија;
  2. организација на проектни настани, како што се работилници или семинари во Македонија

Обезбедени услуги:

  • Преведувачки услуги;
  • целосно управување со настани;
  • организација на работилници;
  • услуги за транспорт;
  • релевантна техничка опрема;
  • печатење работни материјали;
  • сместување;
  • организирање на патувања;

Твининг проект „Поддршка на Државниот завод за статистика на Република Македонија” - Македонија, 2006 - 2007 год.

Времетраење 2006 - 2007
Наслов: Твининг проект „ Поддршка за Држжавниот завод за статистика на Република Македонија" (05 IB ST 01)
Земја Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 30.000 ЕУР
Клиент: Германскиот сојузен завод за статистика
Опис на проектот:

Твининг проектот „Поддршка за Државниот завод за статистика на Република Македонија" е заедничка програма меѓу Германскиот сојузен завод за статистика и Државниот завод за статистика на Македонија.

Целокупната цел на проектот беше подобрување на капацитетите на заводот за статистика. Целта беше да се придонесе за развојот на Стратегијата за твининг комуникацијата. Резултатите беа изготвување и уредување на текст релевантен за проектот (билтени, известувања за медиуми и Power point презентации, значајни документи на англиски и македонски јазик.

Обезбедени услуги:

  • Подготовка, организација и поддршка на локалните активности и мисии на експертите од земјите-членки.
  • Превод и толкување за RTA лингвистичката поддршка со македонската администрација и RTA (македонски на англиски/германски и обратно).

Обезбедување на курсеви за странски јазик за државните службеници во БиХ – Босна и Херцеговина , 2006 - 2008 година

Времетраење 2006 - 2008
Наслов: Обезбедување курсеви за странски јазик за државните службеници во Босна и Херцеговина
Земја Босна и Херцеговина
Партнери: Интерлингва ИХ (БиХ); Факултетот за економија, Школа за бизнис (БиХ) Вредност на проектот: 495.000 ЕУР
Клиент: Делегација на ЕК, Босна и Херцеговина
Опис на проектот:

Целокупните цели беа следните:

  1. создавање и реализација на преку 1000 модули за државните службеници во Босна и Херцеговина;
  2. подигнување на јавната свест и создавање PR Стратегија за континуирана обука на државните службеници;

специфичните цели беа следните:

  1. Професионален развој на државните службеници;
  2. Подготовка и поддршка за комуникацијата, промоцијата и слични настани под водство и на барање на експертите во рамки на проектот;

Обезбедени услуги:

  • Спроведување TNA;
  • Развој на наставни програми;
  • подготовка на комуникациска стратегија;
  • промоција на курсевите за обука;
  • избор на учесници;
  • организација на курсевите (координација на обучувачите, туторство, материјали);
  • целосно управување на настанот (логистика на семинари и конференции);
  • финансиска контрола;
  • следење и евалуација;
  • известување.

Организација на настани за ЕУ мисијата – Делегација на Европската Комисија во Македонија - Македонија, 2007 година

Времетраење 2007
Наслов: Организација на настани за ЕУ мисијата – Делегација на Европската Комисија во Македонија
Земја Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 84.700 ЕУР
Клиент: Делегација на ЕК, Македонија
Опис на проектот

Целокупните цели на проектот беа да се зголемат познавањата за пристапниот процес на зејата во ЕУ и неговото влијание, особено кај клучните целни групи и зголемување на општото разбирање на ЕУ, нејзините политики и програми кај општата јавност;

Специфичните цели беа:

  1. да се допре до поголемиот дел од целните групи;
  2. да се подобри влијанието на ЕУ информациите на национално и регионално ниво;
  3. да се обезбеди јазна слика за ЕУ, преку објаснување на нејзините политики и цели;
  4. да се воспостават синергии со мултипликатори и други заинтересирани страни за обезбедување на ЕУ информациите;

Обезбедени услуги:

  • Организација на разни активности што го обележаа Денот на Европа во околината и во главниот град;
  • Организација на семинари и конференција на теми поврзани со ЕУ;
  • организација на трка во Скопје;
  • организација на други културни настани;
  • создавање организациска стратегија;
  • медиумско покривање;
  • преведувачки услуги;
  • услуги за печатење;
  • финансиска контрола;
  • пишување извештаи;
  • следење и евалуација;

Организација на ДЕНОТ НА ЕВРОПА во Велес - Македонија, 2008

Времетраење: 2008
Наслов: Организација на СОБИРОТ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЕВРОПА во Велес
Земја: Македонија
Партнери:
Вредност на проектот: 9.800 ЕУР
Клиент: Делегација на ЕК, Македонија
Опис на проектот:

Целокупната цел на проектот беше да се зголеми општото разбирање на ЕУ и земјите-членки и да се зголеми знаењето за важноста на Денот на Европа за денешната Европска Унија. Специфичната цел беше да се подобри познавањето за Денот на Европа, функционирањето на Европската Унија и карактеристиките на земјите-членки (културите, јазиците, обичаите, природните убавини, итн.) кај учениците од основните училишта во Велес и да се зголемат познавањата за Денот на Европа, Европската Унија и ЕУ земјите-членки кај општата јавност. Резултатите беа следни:

a) Организација на собирот по повод Денот на Европа во Велес, во координација со општината и земјите-членки на ЕУ (изложбени штандови и музичка програма),

б) публикација на настанот заедно со Делегацијата и општината Велес (објави во локалните медиуми, генерирање и дистрибуција на печатени материјали, итн.)

Обезбедени услуги:

  • Организација на Денот на Европа во Велес;
  • Собирање промотивни материјали од амбасадите и нивно дистрибуирање до училиштата;
  • организирање на штандовите;
  • печатење на материјалот и 20.000 летоци;
  • Дизајн и печатење на 300 постери;
  • Подготовка на емитувањето на ТВ објави во локалните медиуми;
  • организација на музичка програма;
  • кетеринг услуги за учесниците;
  • толкување;
  • ангажирање модератори;
  • следење и евалуација,
  • пишување извештаи;
  • финансиска контрола;

Превод и толкување 2009 – Босна и Херцеговина, 2008 - 2009

Времетраење: 2008 - 2009
Наслов: Компонента за превод и толкување 2009
земја: Босна и Херцеговина
Партнери: Интерлингва ИХ (Б и Х) 68.700 ЕУР
Клиент: Делегација на ЕК, Босна и Херцеговина
Опис на проектот:

Поддршката на ЕК во БиХ е деконцентрирана, меѓутоа, истата не е децентрализирана и поради тоа управувањето со имплементацијата на програмата останува на делегацијата на ЕК. Подготовката за DIS системот започна со коректен и непречен дијалог помеѓу корисниците во БиХ и делегацијата. Поголемиот дел од корисниците вклучени во горенаведениот процес не зборуваат англиски јазик. За да се постигне ова, прв предуслов е превод/толкување меѓу Делегацијата и корисниците.

ЦЕЛОКУПНАТА ЦЕЛ НА проектот е да се зголеми ефикасноста и одржливото влијание врз искористувањето на поддршката на ЕК во БиХ. ЦЕЛТА НА ПРОЕКТОТ е да се зголеми ефективноста и влијанието на учеството на корисниците од БиХ и заинтересираните страни во БиХ во изготвувањето на програмата на ЕК, дизајнот на проектот и другите оперативни активности.

Следните беа ОЧЕКУВАНИТЕ РЕЗУЛТАТИ од проектот:

а) Превод на повеќе документи,

б) средби и работилници за кои толкувањето од англиски на локалниот јазик и обратно е обезбедено на задоволително ниво, мерено според корисниците на преведените документи и/или учесниците на настанот;

в) подобрен квалитет на комуникацијата помеѓу Делегацијата и корисниците, како и подобрена ефикасност при реализација на истата.

Техничка поддршка за единицата за превод и координација (ЕПК) во Србија, 2008 - 2010

Времетраење 2008 - 2010
Наслов: Техничка поддршка за единицата за превод и координација (ЕПК) во Србија
Земја Србија
Партнери: ECO3 (Белгија) – Водач, Конгресен сервисен центар (Србија) Вредност на проектот: 956.900 ЕУР Клиент: Делегација на ЕК во Србија

Опис на проектот: Во ноември 2007 српската влада го ратификуваше договорениот текст на Договорот за стабилизација и асоцијација (ДСА) со ЕУ. Преговорите за ДСА со Србија следеа по раскинувањето на сојузот помеѓу Србија и Црна Гора во 2006 година, кое доведе до отворање на одделни преговори со секоја поединечна земја. Целокупната цел на проектот е да се надгради институционалниот капацитет на Србија, за да може да го спроведе процесот на превод на европското законодавство на српски јазик, со цел да се овозможи усогласување со барањата од ДСА и применливото европско законодавство. Целта на проектот е да развие модерна и ефикасна единица за превод и координација во SEIO, која ќе може да управува со процесот на превод на применливото законодавство.

Следните се очекуваните резултати од проектот:

а) Стратешки план за подготовка на национална верзија на законодавството, вклучувајќи усвојување и спроведување на организација и систематизација на единицата,

б) развој на ИТ сектор во единицата и да се изготви план за обука,

в) Зголемување на квалитетот на преводот, терминологијата и работата поврзана со ревизијата,

г) персоналот на единицата и другиот персонал во српската администрација се обучени за клучните вештини неопходни за извршување на нивните задачи поврзани со преводот, ревизијата и терминологијата, вклучително употреба на соодветни бази податови за превод и терминологија.

Обезбедени услуги:

  • Целосно управување со настани;
  • медиумско покривање;
  • создавање организациска стратегија;
  • вработување експерти;
  • пишување извештаи;
  • TNA;
  • развоен план ИТ;
  • финансиска контрола;
  • следење и евалуација

Управување со ЕУ Информативните центри: Локација: Шкодра и Влора, Албанија , 2010 - 2013

Времетраење 2010 - 2013
Наслов: Управување со ЕУ Информативните центри: Локација Шкодра и Влора, Албанија
Земја Албанија
Партнери: Соработници од Албанија (UK); GADC (AL), MDA (XK) 490.000
Клиент: Делегација на ЕК, Албанија Опис на проектот:

Цели на проектот:

  • Да се подобрат познавањата на интегративниот процес на Албанија и неговите импликации, посебно меѓу клучните целни групи;
  • Да се подобри општото разбирање за ЕУ, нејзините политики и програми меѓу општата популација; Цел на проектот:
  • Да се подигнат знаењата за институционалната рамка на ЕУ, политиките, целите и приоритетите;
  • Да се подигнат знаењата за врските меѓу ЕУ и Албанија;
  • Да се негува подобро разбирање за влијанието на претпристапниот процес на животот на поединецот и неговите очекувања;
  • Да се подигне познавањето во врска со имплементацијата на ИПА во земјата; Постигнати резултати:
  • Воспоставен и добро управуван ЕУ Информативен центар во Шкодра и Влора;
  • Поддршка на ЕУ делегацијата за спроведување на комуникацијата и активностите за спроведување во Албанија;
  • Информации за развојот на врските помеѓу ЕУ и Албанија што се обезбедуваат за клучните целни групи;
  • Специјализирани информации за спроведувањето на ИПА во земјата дисеминирани меѓу клучните целни групи;
  • Синергии со другите соработници и заинтересирани страни за овозможување на воспоставување на ЕУ инфрмативниот центар;
  • Обезбедени ЕУ информативни производи (во печатена форма, аудиовизуелна и електронска форма);
  • Организирани настани поврзани со активностите на ЕУ;

Обезбедени услуги:

  • Водење на ЕУ Информативните центри во Шкодра и Влора;
  • Вработување на основниот персонал;
  • Управување со настаните;
  • Дизајн и одржување на интернет страница;
  • Издавање билтени;
  • издавање брошури;

+