Prevodi Tolkuvanje Proekti Nastani

Oбезбедуваме многу повеќе од самите зборови. Ние обезбедуваме техничко разбирање, значење и прецизност.

Со толкувањето од Конгресен Сервисен Центар суштинската комуникација во текот на вашиот настан се одвива непречено.

КСЦ спроведува и проекти што се финансирани од страна на Европската унија, Светската банка, ООН, ДФИД, итн.

Ние ви нудиме помош во сите фази од проектот, од неговото зачнување до самата завршница

Конгресен сервисен центар (КСЦ) е признаено друштво за превод и толкување и е професионален организатор на конференции (ПОК) во Македонија и во Србија.

Нудиме услуги за сите светски јазици, при што јазиците од Централна и Источна Европа се сметаа за наша потесна специјалност. Освен тоа, нашето деловно работење вклучува и управување со средби (конференции, работилници, конгреси, форуми, симпозиуми), каде што постапуваме во својство на консултанти и ги ставаме нашите вработени и инфраструктурата на располагање на клиентите.

Со повеќе од 12 години искуство во обезбедувањето професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции, КСЦ денес стана синоним за беспрекорни услуги, висококвалитетни преводи и исклучителна вредност.

Во последниве 11 години, КСЦ организираше повеќе од 10.000 конференции со целосна логистичка поддршка и има обезбедено толкувачи и опрема на приближно 5.000 настани.


 

+