Конгресен сервисен центар е основан во 1999 година во Скопје, Македонија, а нашата цел, уште од првиот ден, беше да им понудиме на нашите клиенти гаранција за квалитетот и навременото обезбедување на услугите, како и да ја олесниме интернационализацијата на претпријатијата на нашите клиенти од лингвистичка гледна точка.
Препознавајќи ја потребата за професионални услуги за превод, толкување и организација на конференции во Србија, во 2001 година Конгресен сервисен центар отвори своја подружница во Белград, а во 2012 година отвори подружница во Сараево.